Издржливиот паметен телефон кој моментално е достапен на пазарот првенствено е наменет за оние коишто се вработени во тешка индустрија, но има и неколку карактеристики поради кои ќе ви се допадне на повеќето од вас.
Cat мобилните телефони неколку години наназад се познати по својата издржливост и отпорност, а со најновиот модел S52 покажаа дека во еден телефон може да се спојат компактност, убав дизајн, отпорност и високи перформанси.
Овој смартфон има gorilla glass заштита, рамката е изработена од алуминиум, а задната страна е изработена од квалитетна и издржлива пластика.
Кога станува збор за издржливоста, инженерите кои стојат зад овој уред тврдат дека телефонот е отпорен на последователни десет падови од висина од еден метар и еден од 80 сантиметри. Смартфонот има IP 68 сертфикат за водоотпорност и отпорност на прашина, а исто така работи и под вода.
Екранот на допир на Cat е функционален и кога носите ракавици за работа.
Во споредба со новите смартфони, Cat S52 има послаба камера, но квалитетот на фотографиите е на солидно ниво.
Инженерите на Cat S52 имаат за цел да ги подобрат спецификациите на својот смартфон за да допре до различни типови на корисници.