CD Projekt Red најави нова The Witcher трилогија и Cyberpunk 2077 продолжение

Полското студио истовремено работи на пет нови проекти, а крајниот резултат би требало да бидат 8 нови игрици.

CD Projekt Red потврди дека во план е продолжение на игрицата „Cyberpunk 2077“. Меѓутоа, играчите на овој наслов ќе мораат почекаат бидејќи приоритет има новата „The Witcher“ трилогија.

Минатата година CD Projekt Red го реконструираше своето студио за да може да овозможи работа на повеќе наслови истовремено. Планот е наречен RED 2.0, а CD Projekt Red вети дека тимовите во тандем ќе работат на двете најголеми франшизи на полската компанија.

Во тоа време најавата делуваше неуверливо, со оглед на тоа што CD Projekt Red уште беше во шок поради лошите рецензии што ги доби „Cyberpunk 2077“, како резултат на многуте багови. Многумина сметаа дека минатогодишната приказна за продолжението е прерана бидејќи играчите и натаму чекаат да се поправи оригиналната игрица.

И покрај тоа, планот RED 2.0 и натаму живее, а CD Projekt Red во својата презентација објави дека продолжението на „Cyberpunk 2077“, наречено „Project Orion“, е во раната фаза од својот развој. Дополнително, студиото најави дури 5 нови „The Witcher“ игрици!

Севкупно, CD Projekt Red има 6 проекти во различни фази на развој, чиј резултат би требало да бидат 8 нови игрици:

  • „Phantom Liberty“ - експанзија за „Cyberpunk 2077“
  • „Project Orion“ - продолжение на „Cyberpunk 2077“
  • „Project Polaris“ - нова „The Witcher“ трилогија
  • „Project Hadar“ - непознат нов наслов
  • „Project Sirius“ - „The Witcher“ игрица која ја развива студиото The Molasses Flood
  • „Project Canis Majoris“ - „The Witcher“ RPG игрица која ја развива непознато студио

Детали за новите игрици има малку, а очекувано, времето кога ќе излезат е нејасно. „Project Polaris“ би требало да резултира со три нови „The Witcher“ игрици, а 160 луѓе веќе работат на нив. Тој број би требало да се зголеми кога 350 вработени ќе ја завршат својата работа на експанзијата за „Cyberpunk 2077“. Од друга страна, продолжението на „Cyberpunk 2077“ е сѐ уште во многу врана фаза од развојот, а и не делува дека на него работи целосно оформен тим.

Се очекува „Project Sirius“ и „Canis Majoris“ да излезат пред CD Projekt Red да ја лансира новата „The Witcher“ трилогија, но оваа информација не е потврдена. „Cyberpunk 2077“ е најдобар пример за прерано лансирана игрица, па подобро е да се почека на добро „исполиран“ производ.

Сепак, колку и да беше трнливо лансирањето на „Cyberpunk 2077“, игрицата само во преднарачка беше продадена во 8 милиони примероци, додека тој број минатиот месец достигна над 20 милиони.

Фановите на серијалот ќе можат чекањето на новите наслови да го збогатат со новата серија „The Witcher: Blood Origin“ која излегува на 25 декември, а наредното лето нѐ очекува и третата сезона од серијата „The Witcher“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе