Во време кога главните борци против пандемијата на коронавирусот се медицинските лица, токму тие се и во центарот на вниманието.
Спортистите, глумците, пејачите и сите останати јавни личности овој период се во сенка. На површина излегуваат медицинските лица бидејќи тие се наоѓаат во првите борбени редови против COVID-19.
Така, цело мало излезе на улица во едно британско гратче за да ја отпоздрави медицинската сестра Тајла која одеше на работа. На нивниот аплауз, таа врати со солзи и насмевка.