Хроника

Целосно изгоре куќа во селото Горно Лешница

7. јули 2019 - 16:10 | МИА
Скопје, 7 јули 2019 (МИА) – Во пожар што се случи вчера претпладне во селото Горно Лешница целосно е изгорена куќата на 23-годишниот К.К.

-Во полициското одделение Групчин вчера претпладне било пријавено дека настанал пожар во куќа во сопственост на К.К. (23) од село Г.Лешница. Во пожарот куќата целосно изгорела, се наведува во полицискиот билтен.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот. 

Коментирај