Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 10 јуни.

Од 14.06.2024 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 80,00 (ден/л)
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 82,00 (ден/л)
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 71,50 (ден/л)
  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (ден/л)
  • мазут М-1 НС – 43,639 (ден/кг)

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,735%, кај дизелот зголемување 3,460%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,460% и кај мазутот зголемувањето е за 3,375%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,335%.

реклама

Македонија

Сериозна загриженост за независноста на судството во С. Македонија во извештајот на Европската комисија

Read more

Владата: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Read more

Владата донесе одлука за вработување на 600 специјализанти во болниците

Read more

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајка

Read more
 

Вести

Сериозна загриженост за независноста на судството во С. Македонија во извештајот на Европската комисија

Читај повеќе

Грција бележи голем пораст на бројот на заразени од ковид, некои држави издадоа итно предупредување до туристите

Читај повеќе

Владата: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Читај повеќе

Гостиварец ја фрлил мачката од VI кат и ја усмртил, кога полицијата му влегла дома нашла остатоци од други животни

Читај повеќе

Со автомобил удрил во малолетник во Скопје, па го однел детето на Комплексот клиники

Читај повеќе

Владата донесе одлука за вработување на 600 специјализанти во болниците

Читај повеќе

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Сомнеж за експлозив во близина на стадионот, блокирани улиците на Париз

Читај повеќе

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул

Читај повеќе