ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Цената на пивото на Мундијалот во Катар ќе биде превисока и нема да се продава на стадионите

Светското првенство во Катар е првото што се одржува во земја со мнозинско муслиманско население, а едно од главните прашања за фудбалските фанови кои планираат да присуствуваат е дали ќе може да се консумира алкохол.

Катарските власти претходно најавија дека алкохолот ќе биде дозволен, но под строго контролирани услови, а сега се знае како сето тоа ќе функционира.

Катарските власти ја забранија продажбата и консумирањето на пиво и алкохол на стадионите, а сите навивачи кои ќе го сакаат тоа ќе можат да купуваат за време на Светското првенство во одредени периоди и во одредени фан зони и хотели во Доха, главниот град на Катар. Непродажбата на алкохол на стадион не е ништо ново бидејќи вакво правило важи и во натпреварувањата на УЕФА.

А, покрај ограниченото време и место за купување алкохол, лошата вест е и цената. Имено, на некои места цената на пивото ќе биде околу 18 долари, што е за повеќе од 100% поскапо од претходните Светски првенства.

За потсетување, Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава.

Тагови
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе