Цената на струјата за домаќинствата најскапа во Германија, Ирска и во Данска

Макфакс
/ 30.10.2024 / 17:22

Цените на струјата за домаќинствата во земјите од Европската Унија во првата половина од 2024 година забележаа благ пораст во просек во однос на втората половина од претходната година. Цените се зголемија од 28,3 евра за 100 киловат-часа на 28,9 евра за 100 киловат-часа.

И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени 2% во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија 2% бидејќи владите ги намалија субвенциите, таксите и даночните намалувања за потрошувачите, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика.

Евростат наведува дека вкупните даноци се зголемени 16% во споредба со втората половина од 2023 година.

Учеството на даноците во сметките за електрична енергија се зголеми од 18,5% на 24,3% – 5,8 процентни поени, а кај сметката за гас се зголеми од 22,8% на 27,4%, што е зголемување за 4,6 процентни поени.

Највисоки цени на струјата, вклучувајќи ги и даноците за домаќинствата, во првата половина на 2024 година се забележани во Германија, каде што цената е 39,5 евра за 100 киловат-часа, потоа Ирска со цена од 37,4 евра и Данска со цена од 37,1 евра за 100 киловат-часа.

Најниска цена на струјата имаа унгарските домаќинства со цена од 10,9 евра за 100 киловат-часа, потоа Бугарија со 11,9 евра и Малта со цена од 12,6 евра.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Свет

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Read more

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Read more

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе