Цените на нафтата паднаа под притисок на новиот сој на коронавирус

Цената на барел нафта денеска падна под 50 американски долари, бидејќи појавата на нов сој на коронавирус во Велика Британија повторно ја зголеми загриженоста за побарувачката, придушувајќи го оптимизмот околу вакцинацијата против COVID-19.

На лондонската берза цената на барел нафта пада за 43 центи во споредба со претходното затворање, на 50,48 долари. На американската берза еден барел се тргуваше за 48 центи пониско, односно за 47,49 долари.

Откривањето на новиот сој поттикна неколку земји да ги затворат своите граници за Велика Британија, иако британскиот министер рече дека работат со Франција за повторно отворање на еден од најважните трговски патишта во Европа.

Откритието го потисна оптимизмот поттикнат од почетокот на вакцинацијата против COVID-19, што се смета за клучно за нормализирање на животот и со тоа закрепнување на побарувачката на нафта.

„Во борбата помеѓу загриженоста за краткорочна перспектива и оптимизмот за иднината, сега повторно преовладува првото, рече Тамас Варга од PVM.

Неодамнешното покачување на цените кулминираше во Лондон во петокот кога барелнафта се тргуваше за 52,48 долари, што е највисока вредност од март.

Трговците внимателно го следат производството. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници се очекува да го зголемат производството за 500.000 барели на ден во јануари. Сè уште нема индикации дека падот на цените ја поколеба ваквата намера.

Рускиот вицепремиер Александар Новак вчера рече дека зголемувањето на производството не треба да резултира со прекумерна понуда.

ОПЕК денеска не ја објави новата цена на барел сирова нафта на својата веб-страница. Последните податоци се од четвртокот, кога изнесуваше 50,78 долари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе