Цените на нафтата пораснаа

Нa глобалните пазари минатата недела цените на нафтата пораснаа за околу 1 отсто, бидејќи тие се поддржани од надежта на трговците за побрз раст на американската економија, но повисокиот раст на цените е спречен од слабоста на кинеската економија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,05 отсто, на 73,87 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 1,2 отсто, на 70,35 долари.

По падот за повеќе од 2,5 отсто пред една недела, минатата недела цените вратија дел од тие загуби.

Тие беа поддржани од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи трговците се надеваат дека неговата политика ќе го поттикне економскиот раст.

Од друга страна, трговците ги загрижи падот на увозот на кинеска нафта во октомври, деветти месец по ред, и тоа за девет отсто во однос на истиот месец лани. Кинеската економија веќе подолго време расте побавно од очекуваното, па трговците стравуваат дека ниту новите монетарни и фискални стимулативни мерки на кинеските власти нема да имаат значително влијание врз растот на економијата, а со тоа и врз побарувачката.

Побарувачката за нафта во САД не е моментално импресивна. Залихите на нафта во САД минатата недела се зголемија за 2,1 милиони барели.

„Силниот долар и слабата побарувачка би можеле да влијаат на цената на нафтата во периодот што следи“, вели Оле Хансен од Saxo Bank.

Од друга страна, евентуалното „интензивирање“ на санкциите на Трамп кон Иран и Венецуела и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток може да го поддржат растот на цените. Поради овие спротивставени сили, цените на нафтата се заглавени во тесен опсег веќе некое време, објаснува Хансен.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Бизнис

Дали златото во моментов е најбезбедна инвестиција?

Read more

Маск ги објави резултатите од новиот тест за дрога

Read more

Кинеската конкуренција ја гази германската индустрија

Read more

Шведската „кралица на отпадот“, доби 6 години затвор за загадување

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе