Цените на нафтата се многу нестабилни

На светските пазари минатата недела цените на нафтата значително пораснаа, враќајќи дел од загубите од претходната недела, што е последица на растечките тензии на Блискиот Исток, како и на неизвесноста пред претседателските избори во САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за повеќе од 4 отсто, на 75,06 барели, додека барелот на американскиот пазар поскапе за 3,5 отсто, на 71,69 долари.

Откако потонаа за повеќе од 7 отсто пред една недела, цените закрепнаа дел од загубите минатата недела.

„Пазарот значително ќе флуктуира додека не добиеме одговори на некои од прашањата за Израел, војната и претседателските избори во САД. Изборите создаваат несигурност на многу пазари и луѓето малку се повлекуваат назад, не се подготвени да преземат голем ризик бидејќи на потенцијални скокови, нестабилност и неизвесност“, рече Фил Флин, аналитичар во Price Futures Group.

Блискиот Исток и изборите во САД

Инвеститорите на глобалните пазари ги засилија инвестициите во американскиот долар, како безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, очекувајќи зголемена нестабилност до претседателските избори на 5 ноември во САД.

„Геополитиката е главната сила што ги движи пазарите во моментов, чекаме да видиме што ќе се случи со изборите во САД и која насока ќе ги турка пазарите“, рече Тим Снајдер, главен економист во Matador Economics.

Дополнително, трговците бараат поголема јасност за стимулативната политика на Кина, иако аналитичарите не очекуваат таквите мерки да обезбедат голем поттик за побарувачката на нафта.

Goldman Sachs минатата недела објави дека очекува цените на нафтата во 2025 година да бидат на овогодинешното ниво, помеѓу 70 и 85 долари за барел за лондонски брент, и предвидува дека влијанието на кинеските стимуланси ќе биде скромно во споредба со поголемите двигатели, како што е понудата на нафта во Блискиот Исток.

Аналитичарите на Банката на Америка, пак, пишуваат дека следната година очекуваат просечна цена на суровата нафта „брент“ од 75 долари за барел.

 

 

Тагови
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Бизнис

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Read more

Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ

Read more

Голем пад на светските берзи, Дедо Мраз заборави да дојде

Read more

Падна ИТ системот на аеродромите во Германија

Read more
 

Вести

Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Читај повеќе

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе