Цените на нафтата се зголемија до 86 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија на 86 долари на меѓународните пазари, бидејќи знаците за намалена побарувачка на работна сила во САД ги поттикнаа шпекулациите дека централната банка сепак може да ги намали каматните стапки до крајот на годината за да ја поттикне економската активност и побарувачката за енергија.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август годинава беше за 78 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 85,89 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во јули се тргуваше по 70 центи повисока цена отколку на затворањето на тргувањето во вторник, по 82,27 долари. Во средата американските пазари беа затворени поради празникот.

Трговците се фокусираа на податоците за бенефициите за невработеноста на американското Министерство за труд во четвртокот.

Иако помалку Американци поднеле барање за бенефиции минатата недела, нивниот вкупен број се зголеми една недела порано на највисоко ниво од јануари, што сигнализира намалена побарувачка за работна сила.

Пониските трошоци за задолжување би можеле да и дадат импулс на економската активност, што би значело и поголема побарувачка за енергетски производи.

Цените на нафтата се поддржани и од геополитичките тензии. Во првата половина од неделата трговците беа загрижени поради пожарот на нафтените терминали во руското пристаниште Азов по нападот со украински дрон. Овие терминали испраќаат 200 илјади барели нафта и нафтени продукти дневно.

Сезонскиот раст на побарувачката на нафта, зголемената преработка и неповолните временски услови се поврзани со намалената понуда од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, па затоа резервите треба да почнат да се намалуваат во текот на летото, според аналитичарите.

Одделно, ОПЕК објави дека барел нафта на нејзините членки во средата поскапе за 1,04 долари на 85,54 долари.

реклама

Бизнис

Доларот на најниско ниво во последните пет месеци

Read more

Еврото зајакна во однос на доларот

Read more

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Read more

Цената на златото највисока во историјата

Read more
 

Вести

На автопатот Скопје-Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

Читај повеќе

Пронајден починат осуденик во затворот Идризово

Читај повеќе

Шведска ги менува плановите: Ако дојде до криза или војна, се враќаат на плаќања во кеш

Читај повеќе

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Читај повеќе

АЦВ: Прекршувањето на правилата под изговор не сме знаеле е неприфатливо, вчерашните управувачи со дронови не се регистрирани оператори

Читај повеќе

Макрон ќе им подели на Французите прирачници за преживување: Сакам да бидеме подготвени

Читај повеќе

Уапсени 7 полицајци, осомничени дека помогнале дискотеката Пулс да добие лиценца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Орбан официјално забрани да се одржи Парада на гордоста во Будимпешта

Читај повеќе

Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, три не исполнуваат минимум технички услови

Читај повеќе