Ценовен шок во Британија - продавачите на горива ги „пумпаат“ цените

Трговците на грива на мало во Британија продолжуваат да ги зголемуваат цените на горивата, иако всушност треба да ги намалат, со оглед на заштедите на големопродажните цени на нафтата, предупреди RAC Motoring Services.

Цените на нафтата паднаа за околу 10 долари за барел минатата недела под притисок од стравувањата дека новата варијанта на коронавирусот омикрон ќе ѝ наштети на побарувачката, но купувачите на гориво не го почувствуваа падот на големопродажните цени на бензинските пумпи, забележува BBC.

Во ноември, трговците на мало ја зголемија цената на литар безоловен бензин за 3,1 пени, а цената на дизелот за 2,7 пени. Цените на двете горива достигнаа рекордно ниво на 20 и 21 ноември, од 151,1 пени за литар дизел и 147,72 пени за литар бензин.

Тоа зголемување е целосно неоправдано и поголемите трговци на мало остварија шокантни профити, предупреди RAC. Тие го вперија прстот првенствено кон синџирите на супермаркети кои се големи трговци на гориво како што се Asda, Sainsbury’s, Tesco и Morrisons, тврдејќи дека требало да ги намалат цените и наместо непотребно ги зголемиле.

„Од појавата на COVID-19, тие многу повеќе се колебаат да ги префрлат заштедите, иако темпото на нивните набавки покажува дека би можеле да ги префрлат сите заштеди по големопродажни цени на возачите“, рече портпаролот на RAC за гориво Сајмон Вилијамс.

„Би било многу поправедно доколку трговците на мало ги приспособуваат своите цени на трговците на големо на дневна или неделна основа“, додаде Вилијамс. BBC забележува дека побарал коментар од Asda, Sainsbury's, Tesco и Morrisons за наводите.

RAC ја повика владата да интервенира, велејќи дека не е доволна минатомесечната одлука на министерот за финансии за замрзнување на акцизите за горивата.

„Владата треба да побара од најголемите трговци на мало да објаснат зошто наплаќаат толку високи цени на горивото, кога цените на големо се намалени“, додаде Вилијамс. Здружението на мали трговци со гориво, кое сочинува околу две третини од бензинските пумпи во Велика Британија, ги оправдува повисоките трошоци.

„Цените на електричната енергија, оперативните трошоци и трошоците за работна сила се зголемија, така што вашата локална бензинска пумпа мора да плати за сето ова за да продолжи да работи“, рече извршниот директор на PRA, Гордон Балмер.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе