Под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад“ од 1 до 14 октомври во сите општински училишта се поставени контејнери за ситен електронски отпад и отпадни батерии, а се организираат и едукативни работилници за управување со е-отпадот.
„Денеска во ООУ 'Киро Глигоров' се приклучивме токму на една таква работилница наменета за второоделенците, на која на забавен и интересен начин децата се едуцираа како да се постапува за електронскиот отпад“, веле Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.
„Ги мотивираме и едуцираме најмладите како да го заштитат своето здравје и животната средина преку правилно собирање и селектирање на електронскиот отпад“, додаде тој.
Новитет во општината е и телефонската еко-линија за сите жители во Центар кои можат да се јават на бројот 070 236 000 и нивниот електронски отпад да им биде преземен од дома.
Оваа заедничката акција со невладината Нула Отпад се спроведува во пресрет на 14 октомври - Меѓународниот ден на електронскиот отпад.