Центар субвенционира по 10.000 денари за полагање возачки испит: Возењето без возачка е недозволиво

Општина Центар информираше дека е распишан Јавен повик за доделување субвенции на младите жители на општината за полагање на возачки испит Б категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен на 25 февруари 2025 година и ќе трае до исцрпување на средствата од општинскиот буџет, најдоцна до 31 декември 2025 година.

Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година. Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.

„Обуките на младите за безбедно учество во сообраќајот се од голема важност за нас. Младите лица кои сакаат да управуваат возило мора да имаат возачка дозвола и да бидат одговорни возачи за да можат безбедно да учествуваат во сообраќајот. Возењето без возачка дозвола во Центар е недозволиво. Преку оваа субвенција ќе помогнеме во координација со автошколите од општината да се обезбеди најквалитетна обука за сите млади кои ќе запишат часови. Безбедноста на нашите граѓани, особено на младите, е приоритет, да возиме совесно. Вози совесно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 9:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:

  • барање за субвенција;
  • копија од лична карта;
  • копија од трансакциска сметка;
  • доказ за извршена уплата во автошкола;
  • доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар.

Сите заинтересирани граѓани за дополнителни информации можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-680 или преку е-пошта: elif.idris@centar.gov.mk.

„Со оваа мерка Општина Центар – Скопје обезбедува безбедност за младите на патиштата, возењето без возачка дозвола е недозволиво“, додаваат од општината.

реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе