Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција во набавките за КОВИД

Скопје, 10 август 2022 (МИА) – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од COVID-19, изработен врз основа на длабински мониторинг на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година.

Мониторингот детектираше дека јавните набавки поврзани со COVID-19 и во второто полугодие од 2021 година, односно и по повеќе од една година од почетокот на кризата, изобилуваат со проблеми и ризици од корупција и дека проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите. Како проблем се посочува и тоа дека кога има еден понудувач или останува еден понудувач по елиминирање на другите понуди во фазата на евалуација, речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката иако таа не е јавно објавена, што упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи.

-И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 отсто, при набавката на реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција, а постои и слаба документираност на и онака нетранспарентните постапки со преговарање без објавување оглас, ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки носи високи ризици од судир на интереси и корупција, покажува Извештајот.

Според истражувањето, како јавни набавки за COVID-19 се купувани производи што не можат да се доведат во врска со пандемијата. Пример за тоа е службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.

-Овој Извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од COVID-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година, односно од 1 јули до 31 декември 2021 година. Опфатените постапки претставуваат 52 проценти од сите тендери за COVID-19 во периодот на мониторингот (вкупно 77 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 отсто од вредноста на сите тендери за COVID-19 во анализираниот период (4,1 милион евра), наведува Центарот.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

Македонија

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Вести

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе

Си Ѓинпинг подготвува необичен потег за посетата кај Трамп

Читај повеќе

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе