Центар за стручно образование и обука за зелени иновации ќе се отвори во Скопје до крајот на годината

Скопје, 27 ноември 2021 (МИА) –  До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Партнерите во проектот ја одржаa втората работилница на која се дискутираше за стратегијата за идниот регионален центар за стручно образование и обука. Проектот Greenovet – European VET Excellence Platform for Green Innovation во чии рамки се формираат овие центри, обединува партнери од четири држави во областа на стручното образование и обука на различни нивоа, локалните претпријатија, секторските здруженија, локалните власти, невладиниот сектор. Проектот ќе го поттикне развојот на стручното образование и обука во областа на зелените иновации низ Европа, со што ќе придонесе за развој на иновативна, инклузивна и одржлива економија.

Во нашата земја носители на проектот се Машински факултет при Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Сојуз на стопански комори, АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

-Четирите центри ќе бидат формирани во исто време до крајот на оваа година. Иако овие центри имаат иста цел сепак ќе се имаат посебни стратегии за функционирање бидејќи секоја држава има свои специфики. Но, во секој случај предност на оваа соработка е тоа што имаме интересни и добри искуства кои може да ги размениме со партнерите од другите држави, истакна доц. д-р Трајче Велковски од Машинскиот факултет.

Во истражувањето кое беше направено на почетокот на 2021 година во рамките на проектот се детектираат компетенции кои се потребни за развој на зелените иновации. Во групата на најрелеватни вештини кои треба да се развиваат за развој на зелени иновации се дигитални вештини, претприемачки вештини и циркуларна економија, заштита на околината, етичко однесување, превземање на иницијативи, критичко размислување, економска писменост.

Со стратегијата за центрите ќе треба да се воспостави систем за надминување на најголемиот предизвик кој сега постои, а тоа е воспоставување на линк меѓу индустријата и образовните институции.

Недостигот на стручен и квалификуван кадар е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и пошироко во Европа, бидејќи стручните училишта не се доволно атрактивни за привлекување на поголем број на ученици, и бараат поддршка во следењето на брзорастечките потреби на бизнисите кои  динамично се менуваат и прошируваат. Потресот кој го наметна здравствено-економската криза предизвикана од појава и ширење на COVID-19 наметна уште поголема потреба за брза адаптација, согласно нови потреби и барања на индустриски и пазарни трендови, а потребата од заштита на животната средина се наметнува како неопходен сегмент кој ќе овозможи раст, развој и одржливост.

Регионалниот Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации ќе нуди различни услуги за различни целни групи од регионот, како: високообразовни институции, понудувачи на стручно образование и обука, индустрии/компании, јавни власти, студенти.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе