ЦГК: Најмногу нововработени во полицијата, најмалку во одбраната

Од 2017 до 2020 година бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти. Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата, а најголем пад во одбраната. Во министерствата и во Владата има 540 повеќе вработени или ангажирани луѓе, а во општините 154. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент, покажува истражувањето и анализата што ги направил Центарот за граѓански комуникации.

Од јануари 2017 до февруари 2020 година, во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Од овие новопримени или ангажирани луѓе, во редовен работен однос се примени 154, на договор на дело се ангажирани 177, а привремено се вработени 209 луѓе. Додека бројот на нововработени е зголемен за 0,9 проценти, бројот на ангажирани на договор на дело скокнал за 125 проценти, а привремено се вработени дури 337 проценти повеќе луѓе.

По институции, во споменатиот период од три години, најмногу нововработени или ангажирани луѓе во апсолутен број имало во Министерството за внатрешни работи и тоа 570 што е зголемување од скоро 5 проценти. Сепак, во процентуален износ, најмногу нововработени или ангажирани имало во Министерството за култура, дури 23,7 отсто.

Спротивно, најголемо намалување на вработените или ангажираните луѓе во апсолутен износ имало во Министерството за одбрана 168 луѓе или 18,6 отсто помалку. Процентуално, пак, најголемо намалување на вработените или ангажираните луѓе од 20,2 отсто имало во Министерството за труд и социјална политика.

– Кога станува збор за одделните категории вработени, најголем пораст на нововработени во редовен работен однос, односно 515, имало во Министерството за внатрешни работи. Кај привремените вработувања, најмногу нови, 48, имало во Министерството за земјоделство. Кај ангажирањето преку договорите на дело, најмногу нови, 69, имало во Владата. Инаку, најмногу вработени по сите основи има Министерството за внатрешни работи 12.263, по што следува Министерството за земјоделство со 1.096. Најмалку вработени, односно 60 луѓе, има Министерството за локална самоуправа, а следно со 163 луѓе е Министерството за здравство, појаснуваат од Центарот за гражански комуникации.

Кај општините, во споменатиот период од три години, вкупно се вработени или ангажирани нови 154 луѓе. Овде, бројот на нововработени пораснал за 2 отсто, но на оние со привремено вработување скокнал за 25 проценти. Бројот на луѓе ангажирани на договор на дело по општините се намалил за 31 отсто.

По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 проценти зголемување на кадарот. Втора, исто така и апсолутно и процентуално е Општина Кавадарци со 87 луѓе или 77 отсто повеќе вработени или ангажирани луѓе.

Спротивно, најголемо намалување има кај вработените или ангажираните во Општина Карпош, која има намалување од 124 луѓе. Процентуално, пак, најголемо намалување има кај Општина Чашка, односно 64,6 проценти помалку вработени или ангажирани луѓе.

По одделни категории вработени или ангажирани, најмногу нововработени во редовен работен однос, 35, има Општина Куманово. Кај привремените вработувања, најмногу нови, односно 89 има Општина Бутел, додека кај договор на дело, најмногу новоангажирани по оваа основа, по 15 имаат Општина Бутел и Општина Гевгелија.

Спротивно, најголемо намалување на вработените во редовен работен однос од дури 49 луѓе има Општина Тетово, најголемо намалување на привремено вработени од дури 108 луѓе има Општина Карпош, додека најголемо намалување на ангажираните по договор на дело, односно 57 луѓе помалку има Општина Ресен.

Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, иако во анализираниот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени има уште само и Општина Охрид, 308.

Истражувањето е спроведено врз основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос, преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020 година.

На барањата не одговориле Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Општина Сарај, додека Општина Тетово одговорила само делумно. Оттука, во пресметките за вкупниот број вработени во министерствата не е вклучено новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тагови
реклама

Македонија

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе