Свет

Чадот го претвори денот во ноќ: Војската помага во гаснењето на пожарот во Амазон

24. август 2019 - 17:01 | Б.С.Б.

Бразилскиот претседател нареди распоредување на војската која ќе го помогне во гаснењето на пожарот кој зафати големи површини шума во регионот на Амазон.

Фотографот на France Press изјави дека густиот чад се гледа над некогаш густата шума во северозападната држава Рондонија, а огнените пламени се видливи на оддалеченост од неколку километри.

Пожарот во Амазонија предизвика масовни улични протести низ целата планета и предизвика војна на зборови меѓу бразилскиот претседател Болсонар и неговиот француски колега Макрон, кој пожарот го опиша како „меѓународна криза“ и најави блокада на трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од Јужна Америка, пренесува AP.

Коментирај