Филм & ТВ

Чао Дрого: Џејсон Момоа по седум години ја избричи брадата во видео на YouTube

18. април 2019 - 15:31 | А.С.

Сигурно ви е тешо да го замислите актерот Џејсон Момоа без неговата препознатлива брада.

После седум години, Момоа реши да направи промена и преку видео објавено на YouTube го сподели церемонијалното бричење на брадата со која остана запаметен како Кал Дрого во „Game of Thrones“ и Аквамен во „Aquaman“.

Овој момент и вниманието околу него, 39-годишниот актер го искористи за да зборува за рециклирањето и заштитата на животната средина, „за да оставиме подобар свет за нашите деца, за сите деца“.

Коментирај