Часовникот отчукува: Прв тизер за серијата „Watchmen“
Судејќи според првиот тизер, телевизиската адаптација на „Watchmen“ е подеднакво опседната со крајот на светот како и изворниот материјал од 80-тите, дело на Алан Мур и Дејв Гибонс.
Оваа адаптација се фокусира на ликот и приказната на Роршах, чија маска се појавува низ целиот тизер. HBO ја опиша серијата како „нова замисла на стариот материјал“, што веројатно ќе предизвика грижа кај тврдокорните фанови на графичката новела „Watchmen“.
Премиерата на „Watchmen“ може да се очекува до крајот на оваа година.