Чави ентузијаст пред почетокот на сезоната

Барселона вечерва го игра последниот подготвителен натпревар пред новата сезона, а традиционално е пресметка за трофејот Жоан Гампер.

Противник овојпат ѝ е Пумас УНАМ со Дани Алвеш, 39-годишната легенда на Барса кој минатата сезона накратко се врати во клубот.

Тренерот Чави е полн со позитивни впечатоци од претсезонските натпревари и тренинзите и е презадоволен од кадарот што го има, вклучително и петте новајлии, поради што клубот мораше да заложи пари кои сè уште ги нема, односно да ги продаде телевизиските права однапред за да собере доволно за трансфери.

Полни со ентузијазам

„Тимот е многу добар, имам многу добро чувство кога ги гледам на тренинзите. Сите тренираат добро, тие се во добар ритам, турнејата низ Америка беше многу позитивна. Има многу ентузијазам, тоа се виде и на презентацијата на Левандовски, сите сме многу возбудени“, изјави Чави, а пренесува Marca.

Во однос на минатата сезона неговиот тим е засилен, освен со полскиот напаѓач, и со Рафиња, Франк Кесие, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Покрај тоа, клубот ги продолжи договорите со Усман Дембеле и Серхи Роберто.

„Целта на оваа сезона е да освојуваме титули и да играме добар фудбал. Сакаме да ги израдуваме луѓето затоа што тоа го заслужуваат“, најави Чави и покани што повеќе навивачи на натпреварот со Пумас, „генералката“ пред новата сезона, каде домашната публика ќе има можност за првпат во живо да го види новиот тим.

„Ни требаат луѓе, нивниот ентузијазам е клучен. После неколку години играње за Гампер без навивачи, ќе биде многу позитивно да се игра пред нив. Ќе се обидеме да ги направиме горди на тимот, да се забавуваме. Ќе дадеме сè од себе да бидат горди“.

реклама

На кого Русија ќе продава нафта откако ќе настапи целосното ембарго на ЕУ?

Read more

Хороскопски знаци кои се најдобри лажговци и манипулатори

Read more

Кои грешки ги правиме додека пиеме чај, а не сме ни свесни за тоа?

Read more

Штедливо и вкусно: Пица од стар леб

Read more

Фудбал

ФФМ: Бидете поддршка за Македонија со фер навивање за мечот со Бугарија

Read more

Незгоден удар: Голманот на Чешка му го раскрвави носот на Роналдо

Read more

Лига на нации: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Грузија 

Read more

Сите голови и асистенции на Пандев за Македонија

Read more
 

Спорт

ФФМ: Бидете поддршка за Македонија со фер навивање за мечот со Бугарија

Читај повеќе

Незгоден удар: Голманот на Чешка му го раскрвави носот на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Мејведер го нокаутира Асакура во втората рунда

Читај повеќе

Надал се повлече од Лејвер купот

Читај повеќе

Почина македонскиот ракометен тренер Андон Бошковски

Читај повеќе
  • play_arrow

Што им кажа расплаканиот Федерер на децата додека ги прегрнуваше?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес повторно блесна во Јапонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Читај повеќе

Лига на нации: Македонските фудбалери поразени на гостувањето во Грузија 

Читај повеќе