Тренерот на Барселона, Чави, ги спореди Премиер лигата и Ла Лига во текот на четвртфиналните средби во тековнава сезона. Синоќа шпанските Реал Мадрид и Виљареал, ги елиминираа премиерлигашот Челси, односно бундеслигашот Баерн и се пласираа во полуфиналето на елитното европско фудбалско натпреварување.

„Вчерашните настани докажуваат дека Ла Лига не е толку далеку зад англиската Премиер лигата. Напротив, шпанското првенство секогаш ќе остане силно. Ги гледав двата натпревара. Јас сум фудбалски љубител. Впрочем, крајната цел на Барселона е враќање во Лигата на шампионите. Што се однесува до Виљареал, сега може да се смета за голем клуб, нели? Тој треба да биде вклучен во списокот на големи клубови“, изјави Чави.
Вечерва (почеток 21 часот) уште еден шпански клуб има шанса да се пласира во големата четворка. Во Мадрид, Атлетико го пречекува Манчестер Сити. Англичаните на првиот натпревар победија со 1:0.