Чави: Сите ме гледаат како иден тренер на Барса

Легендата на тимот од „Камп Ноу“ признава дека еден ден сака да се врати во Каталонија, но тоа нема да се случи сега.

Чави Ернандес вели дека сите веќе го гледаат како нов тренер на Барселона, а тој и сам се гледа во таа улога, но во иднина.

„Во моментов сум во Ал Сад и добро ми е тука. Во голем азиски клуб сум, во Катар. Тоа е најдобриот катарски клуб. Ќе видиме што ќе донесе иднината. Сите ме гледаат како тренер на Барселона, а јас имам голема почит кон Барса и кон Куман, сегашниот тренер“, вели Чави во интервју за официјалната веб-страница на ФИФА.

Чави како играч дебитраше за Барса во 1998 година и во кариерата одигра 767 натпревари на кои постигна 85 голови, сметајќи ги сите официјални натпреварувања. Освои 8 титли во Ла Лига, 3 во Копа дел Реј, 4 во Лигата на шампиони и 2 Светско клупско првенство.

„Не сакам да ја кријам вистината - секако дека сакам еден ден да ја водам Барселона. Тоа сум го кажал многу пати. Но, јас секогаш ќе го почитувам моменталниот тренер, како и клубот. Им посакувам сѐ најдобро. Јас сум навивач на Барселона откако знам за себе“, додава тој.

Чави денес има 41 година и досега одлично се покажува во тренерските води. Со Ал Сад освои 4 куп титули, а претходно освојуваше и како играч бидејќи токму во истиот клуб ја заврши кариерата.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more
 

Спорт

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе