Фудбал

Чави: Сонувам да се вратам на Ноу Камп како тренер

24. јуни 2019 - 14:33 | А.С.

Ако ги прашате навивачите на Барселона кои се најдобрите играчи во историјата на каталонскиот клуб, неговото име сигурно ќе се најде високо на списокот во легендите на Ноу Камп.

Чави Ернандез (39) е неоспорна легенда во Барса и во овој клуб беше од 1991 до 2015 година. Моментално е тренер на Ал Сад во Катар, каде претходно играше. Но, во иднина се замислува на клупата на омилениот клуб.

„Моја најголема желба е да се вратам во Барселона како нејзин тренер. Тоа ми е сон и цел, но никако опсесија“, откри Чави во разговор со TV3 и ја разгори фантазијата на навивачите кои веќе подолго време се незадоволни од Ернесто Валверде.

Чави за Барселона одигра 769 натпревари, заби 85 голови  оствари 184 асистенции, со 25 освоени трофеи.

Коментирај