Чавков излегува од притвор со гаранција во недвижен имот

Скопје, 23 април 2018 (МИА) - Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска му го укина притворот на Митко Чавков и ја прифати дадената гаранција во недвижен имот како мерка за негово присуство во судската постапка за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На Чавков му е одземена патната исправа и има обврска еднаш неделно да се јавува во Судот.

- Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Кривичниот суд постапувајќи по предлог на одбраната на М.Ч. опфатен во обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 година, во Собранието на Македонија, донесе решение со кое го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Судот, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков беше вратен во притвор на 28 март, еден ден откако Врховниот суд го пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор. Причината за неговото враќање во притвор, како што образложија од Кривичниот суд било тоа што тој самоволно ја сменил локацијата за издржување домашен притвор.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе