Чеферин: Европа покажа дека целта е пред профитот

Претседателот на УЕФА синоќа одржа убав говор каде ги изваде на виделина сите вредности на фудбалска Европа, а одложувањето на ЕВРО 2020 за една година за доброто на сите е врвот на солидарноста на УЕФА.

„Се наоѓаме на чело на спорт за кој огромен број на луѓе живеат, а кој е приземјен од страна на овој невидлив и брзо-движечки противник. Токму во овие времиња фудбалската заедница треба да покаже одговорност, заедништво, солидарност и алтруизам“, почна Словенецот Чеферин.

„Здравјето на навивачите, персоналот и играчите мора да биде наш врвен приоритет и во таков дух УЕФА наведе повеќе можности за натпреварувањата од оваа сезона да завршат безбедно и се гордеам со одговорот на моите колеги од европскиот фудбал. Се почувствува вистински дух на соработка, каде сите се согласија дека треба нешто да се жртвува за да се постигне најдобриот резултат“.

Пандемијата на коронавирусот ја фрли фудбалска Европа на колена. Фудбалот е во локдаун речиси во сите 55 земји членки на УЕФА, а европската куќа на фудбалот се најде пред тежок чекор, одложување на претстојниот континентален осбир.

„Особено беше важно УЕФА да го води овој процес како водечко тело на европскиот фудбал, а со тоа и да ја направи најголемата жртва. Поместувањето на ЕУРО 2020 ќе претставува огромен трошок за УЕФА, но ние ќе дадеме сѐ од себе да продолжиме со виталното финансирање на грасрут активностите, женскиот фудбал и развојот на фудбалската игра во нашите 55 земји членки, што ќе остане непроменето. Целта пред профитот беше наш водечки принцип кога ги носевме овие одлуки, за доброто на европскиот фудбал во целина“, рече Чеферин.

Европско првенство за првпат се организираше во 1960 година кога домаќин беше Франција, учествуваа само 4 репрезентации, а шампион стана СССР откако во финалето ја победи Југославија со пресврт. ПОведоа Југословените преку Милан Галиќ во 43. минута, израмни Слава Метревели во 49-тата, а победничкиот гол во 113. минута од продолжението беше дело на Виктор Понедељник. Трета заврши Чехословачка која ја совлада Франција.

„Фудбалот е движечка и моќна сила во општеството. Самата помисла, да се организира пан-европски фестивал на фудбалот на празни стадиони, со напуштени фан зони додека континентот е во домашна изолација, е тажна и неприфатлива во година кога треба да ја прославиме 60-годишнината од првенството“.

Намерата на УЕФА беше токму на 60-годишнината од првото историско првенство да организира континентален собир буквално на целиот континент. Годините се поклопија, но друг фактор сега ги помати сметките.

„Би сакал да им се заблагодарам на Европската клупска асоцијација, европските лиги и ФИФПро Европа за нивниот одличен придонес денес, како и за нивната соработка. Исто така, сакам да им се заблагодарам на претседателите и генералните секретари на 55-те национални асоцијации членки на УЕФА, како и на моите колеги од Извршниот комитет за нивната поддршка и за мудрите одлуки. Деталите ќе бидат разработени во следните неколку недели, но основните принципи се договорени, а тоа е голем исчекор. Сите покажавме дека сме одговорни лидери. Покажавме солидарност и единство. Цел над профит. Тоа го постигнавме сега“.

Во договор со УЕФА, јужноамериканската конфедерација истотака го одложи својот континентален собир. УЕФА и КОНМЕБОЛ се договорија двете првенства да се одржуваат во иста година за европските клубови само едно лето да ги ослободуваат своите играчи. Одложувањето на ЕУРО бараше одложување и на Копа Америка. Првенствата ширум Европа според планот ќе се играат до крајот на јуни, а тоа значеше дека доколку се игра Копа Америка многу важни играчи ќе беа со своите репрезентации.

„Исто така би сакал да му се заблагодарам на Алехандро Домингес и КОМНЕБОЛ кои се согласија да ја поместат Копа Америка 2020 со цел да ги запазат препораките издадени од страна на меѓународните здравствени организации за активирање екстремни мерки и како резултат на одложувањето на ЕУРО 2020. Ова значи дека клубовите и лигите во Европа ќе имаат што е можно помалку нарушувања во достапноста на играчите. Овие заеднички напори, а особено овие координирани и одговорни одлуки ги цени цела фудбалска Европа“.

Нормално, одлуката на УЕФА е со одобрување на ФИФА. Всушност, ФИФА дури и претходно бараше од УЕФА да одложи сѐ што може да се одложи.

„Би сакал да им се заблагодарам на ФИФА и претседателот Џани Инфантино, кој порача дека ќе направи сѐ што е потребно новиот календар да биде функционален. Соочувајќи се со оваа криза, фудбалот ја покажа својата најсветла страна преку отвореност, солидарност и толеранција“, заврши Чеферин.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе