Чекор кон иднината: Дигитализација на компаниите е клучот за поголем профит

Скопје, 19 јуни 2019 (МИА) – Дигиталното работење на комапниите во нашата земја и од регионот во просек изнесува десет проценти од вкупното работење на компаниите и доколку не сакаме да се изгубиме со влезот во ЕУ ние мора да се дигитализираме, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ИКТ комората Саша Огненовски.

„Минатата година ИКТ секторот во нашата земја учествувал со 7,8 проценти од вкупниот бруто домашен производ. Истражувањата во светски рамки покажуваат дека дигитализацијата на компаниите е корисен процес и компаниите што спровеле дигитална трансформација прикажуваат раст од 26 проценти“, изјави Огненовски.

Нагласи дека вложувањето во дигитализација на компаниите подоцна им се враќа со повеќе од една четвртина раст на компанијата, и во профит и во самиот човечки потенцијал.

„ИКТ секторот секогаш сме биле пионери и сега се соочуваме со ситуација кога е извесно дека за брзо време ќе почнат преговорите за пристап во ЕУ. Ако ние компаниите ги дочекаме овие процеси неспремни и немаме соодветна дигитализација ние сме осудени на пропаст и тешки денови“, истакна Огненовски.

Појасни дека тоа се должи на две работи. Прво колку нашите компании сакаат и можат да излезат на европскиот пазар, каде без дигитална поткрепа не може да се биде конкурентен и второ, тоа што денес го имаме заштитено со царина со влезот во ЕУ развиените европски компании ќе не поклопат.

„Дигитализацијата е многу битен процес. Треба да се подигне свеста на компаниите и стопанствениците колку навистина може да им помогне дигитализацијата, а понатака веќе доаѓа финансискиот момент и колку компаниите може да истрпат внесување на дигитализација“, истакна Огненовски.

Посочи дека кај нас се уште има стопанственици кои не го разбираат поимот дигитализација и дека процесот на дигитализација не завршува со набавката на опрема.

„Дигитализација не значи да купите софтвер и дека тој ќе сработи се понатака. Мора софтверот да го нахраните и знаете како да го употребувате, а тоа е само еден од аспектите на дигитализацијата. Затоа се потребни високо-образовани кадри што ќе знаат како да го искористат моментот на дигитализација“, посочи Огненовски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе