Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Челси го совлада Тотенхем во лондонското дерби

22. февруари 2020 - 16:29 | А.С.

Фудбакерите на Челси ги совладаа момците на Жозе Мурињо во натпревар од 27. коло од англиската Премиер лига со резултат од 2:1.

Во лондонското дерби на Стемфорд Бриџ домашната екипа немаше проблеми против ослабениот Тотенхем.

Уште во 15-тата минута Челси стигна до водство со голот на Жиру, а резултатот се зголеми на 2:0 на самото отворање на второто полувреме, со погодокот на Алонсо.

Конечниот резултат 2:1 го постави несреќниот Рудигер кој даде автогол во 89-тата минута.

Ова беше четврта последователна победа на Челси над Тотенхем во сите натпреварувања.

Коментирај