Челси и Интер подготвуваат размена Жоржињо за Ериксен

Претставници на англискиот клуб оствариле контакт со „Нераѕурите“ нудејќи им размена за во летниот трансфер период.

Се работи за 29-годишниот италијански репрезентативец Жоржињо, познат како мајстор за пенали, кој беше еден од најдобрите играчи на „Сините“, но добил зелено светло од Томас Тухел за ваква размена.

Челси за возврат го сака Данецот Кристијан Ериксен кој за два дена ќе полни 29 години, но игра поофанзивно од италијанскиот Бразилец.

Проблем може да претстваува тоа што, иако идејата за размена е на Челси, лондонскиот клуб му навестил на Интер дека ќе треба да доплати 15 до 20 милиони евра бидејќи според нив моменталната вредност на Жоржињо е отприлика толку поголема од онаа на Ериксен.

Жоржино дојде во Челси летото 2018 година од редовите на Наполи за 57 милиони евра, а според Transfermarkt денес вреди точно 50. Ериксен во Интер дојде пред точно една година од Тотенхем за 27 милиони евра, а според истиот медиум сега вреди 35 милиони евра.

Во Интер сметаат дека за ваква размена не треба да доплатат ништо бидејќи двајцата играчи се на исто рамниште.

Томас Тухел и Антонио Конте, како што пренесува Calciomercato, се за ваква размена, па останува на двете управи да ги испеглаат деталите за да би се реализирала размената на лето.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе