ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Челси падна кај Вест Хем, Лестер продолжува да тоне

Прв неуспех за тимот на Френк Лампард по рестартот на сезоната, додека Лестер никако да се опорави од катантинот.

По трите победи во низа по продолжувањето на сезоната и тоа над Астон Вила и Манчестер Сити во лигата и Лестер во ФА Купот, Челси синоќа првпат потфрли губејќи со 3:2 кај градскиот ривал Вест Хем.

Вилијан од белата точка на три минути пред паузата донесе водство за „Сините“, но домаќините во судиското надополнување израмнија преку Томаш Соучек. Веднаш во вториот дел Мајкл Антонио донесе пресврт за Вест Хем, а со својот втор гол Вилијан во 72. минута израмни на 2:2. Во претполседната минута украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко погоди за големи 3 бода на „Чеканите“.

Remote video URL

Вест Хем со оваа победа избега од опасната зона од која сега го делат три бода, додека Челси пропушти шанса да го престигне Лестер на третата позиција и воедно дозволи Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон да му се доближат на само три бодови.

Лестер продолжи со лошата серија и на гостувањето кај Евертон на Карло Анчелоти. Домаќините со головите на Ришарлисон и Гилфи Сигурдсон од пенал уште по 16 минути игра направија 2:0, а „Лисиците“ во вториот дел преку Келечи Ихеаначо успеаја само да ја направат завршницата интересна.

Remote video URL

Веќе четврти натпревар по рестартот како Лестер не знае за победа, а нанижа две нерешени и два пораза, од кои еден во ФА Купот, со што си го доведе во опасност местото кое води во Лигата на шампиони.

Арсенал го преслуша Норвич декласирајќи го со 4:0. Плер-Емерик Обамејанг постигна два гола, додека по еднаш погодија Гранит Џака и Седрик Суареш. Норвич останува закован на дното и со една нога е веќе во Ченпионшип.

Remote video URL

Изненадувачки висока победа оствари Њукасл на гостувањето кај Борнмут. Двајт Гејл, Шон Лонгстаф, Мигел Алмирон и Валентино Лазаро донесоа водство од 0:4 пред Ден Гослинг во судиското надполнување да постигне почесен гол за домаќините.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе