Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Од промената на раководството, Челси стана познат по своите иновативни деловни техники. Од аквизиции на многу играчи до осумгодишни договори, „Сините“ се честа тема на интересни деловни тактики. Главна ѕвезда на најновата епизода е Џејдон Санчо, чија позајмица е при крај.

Англичанецот на „Стемфорд Бриџ“ пристигна како играч на Манчестер Јунајтед. Челси се договори за позајмица со „Црвените ѓаволи“ со обврска за откуп за 30 милиони евра. Сепак, лондонскиот тим мислел на сѐ. Во оваа соработка има клаузула каде што можат да го одбијат откопувањето на 24-годишниот играч, но тоа ќе ги чини 6 милиони евра.

Поранешниот англиски репрезентативец нема толку лоша дебитантска сезона во дресот на Челси. На 29 натпревари сезонава постигна 2 гола и подели 6 асистенции. Беше во одлично расположение на стартот на сезоната, а во септември постигна три гола во низа.

Тренерот Енцо Мареска дефинитивно има доверба во крилниот напаѓач кој некогаш вредеше 100 милиони евра. Според фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, Англичанецот би сакал да остане на „Стемфорд Бриџ“, а на крајот од сезоната судбината на Санчо ќе биде единствено во рацете на Челси.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Фудбал

Франческо Тоти се враќа во Рома

Read more

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Read more

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Read more

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Read more
 

Спорт

Леброн: Не знам дали ќе играм следната сезона

Читај повеќе

Франческо Тоти се враќа во Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено зошто Јута Лердам го откопчува тркачкото одело откако ќе ја мине целта

Читај повеќе
  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе