Челси официјално го објави потписот на двајца млади играчи на Спортинг, Жеовани Кенда и Дариу Есугу, за вкупна сума од 74 милиони евра.

Кенда ќе му се приклучи на Челси во летото 2026 година за 52 милиони евра, додека Есуго ќе пристигне ова лето за 22 милиони евра.
Жеовани Черно Кенда е млад португалски фудбалер кој моментално игра за Спортинг. Роден е на 30 април 2007 година во Гвинеја-Бисао, но како дете се преселил во Португалија, каде ја започнал својата фудбалска кариера. Кенда го бркаа и Манчестер Јунајтед и поранешниот тренер Рубен Аморим, но Челси беше побрз.
Кенда е познат по својата брзина, дриблинг и напаѓачки способности. Игра како десно крило, а во некои случаи бил користен и како десен бек. Според Transfermarkt, вреди 30 милиони евра. За Спортинг досега има одиграно 44 натпревари, постигнато 2 гола и 8 пати асистираше.
Дариу Касиа Луиш Есугу е португалски професионален фудбалер кој моментално игра како играч од средниот ред за Лас Палмас, како позајмен од Спортинг. Роден е на 14 март 2005 година во Одивелас и има потекло од Ангола. Есугу го направи своето деби за Спортинг во Примејра лигата на 20 март 2021 година во мечот против Виторија де Гимарајш, станувајќи најмладиот дебитант во историјата на клубот со 16 години и 6 дена.
Есуго е познат како дефанзивен играч за врска, но може да игра и како централен играч за врска. Има извонредни способности за тактичко позиционирање, одбрана и додавање.