Фудбал

Челзи бара 130 милиони фунти за Азар

25. мај 2019 - 11:43 | МИА

Преговорите за трансферот на Еден Азар кај „кралевите“ нема да помине толку лесно, откако Челзи објави дека за услугите на Белгиецот бара 130 милиони фунти, вклучувајќи ги и бонусите.

Англиските медиуми пренесуваат дека засега Реал Мадрид не е подготвен да плати за Азар повеќе од 88 милиони фунти.

Истиот извор наведува дека работите се комплицирале по забраната што УЕФА му ја изрече на лондонскиот клуб за носење играчи во наредните два преодни рока и дека за овој клуб е проблем кој ќе го замени белгискиот репрезентативец.

Самиот Азар ја известил управата на „сините“ дека нема да потпише нов договор со нив и дека сака да замине за Мадрид.

Коментирај