Челзи го фати последниот воз во борбата за титулата

Фудбалерите на Челзи победија на Стемфорд Бриџ во Лондон во рамките на 16-тото коло од Премиер лигата против екипата на Манчестер Сити, со резултат од 2:0.

„Сините“ така на најдобар можен начин им се искупија на навивачите за поразот во минатото коло, а за Сити ова беше прв пораз во сезоната.

Гостите во првото полувреме беа значително подоминантна екипа на теренот. Имаа поголем посед на топката, неколку добри шанси, додека домаќините упатија само еден удар кон гостинскиот гол.

Меѓутоа, тој еден удар беше доволен за да дојдат до водство во последната минута од првото полувреме, кога Канте погоди на асистенција на Азар.

Иако во второто полувреме се очекуваа жестоки напади од Сити и обиди за изедначување, играчите на Челзи беа поопасни и направија повеќе шанси, а во неколку наврати се покажа и голманот на Сити, Едерсон.

Наградата за храбриот натпревар ја подигнаа во 78-та минута кога Луз искористи уште едно додавање на расположениот Азар и ја удвои предноста.

2:0 беше конечниот резултат на денешното дерби со кој Челзи го фати последниот воз во борбата за титулата.

Со денешната победа Челзи се проби на третото место во Премиер лигата, додека Манчестер Сити е на второ место со бод помалку од лидерот Ливерпул.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе