Челзи го испуштиле Мбапе кога имал 13 години

Лондон, 13 септември 2018 (МИА) - Еден од најголемите таленти на светскиот фудбал - Килијан Мбапе, бил близу до тоа да стане играч на Челзи уште во 2012 година, кога имал само 13 години. Тоа го открива поранешниот скаут на Челзи, Даниел Бога, кој ги забележал квалитетите на Французинот и го поканил на тест период од една недела.

Уште тогаш Мбапе ги покажал своите способности со топка во нозе, но од клубот побарале по некое време талентот да дојде за уште еден пробен период за да се убедат дека тој може да се справи со карактеристиките на англискиот фудбал. Мајката на Мбапе, која го придружувала во Лондон, сепак одбила нејзиниот син да прави втор пробен период и споделила дека Челзи мора да го земе Мбапе уште во истиот момент, или по пет години клубот ќе се врати по него и ќе треба да плати 50 милиони евра.

- Тој имаше многу квалитети, но во Англија сакаа да видат дека играчот може да се враќа назад во одбрана и да работи напорно на теренот. Во тоа време тој не го правеше тоа. Во дефанзивен план не беше на ова ниво. Кога ја поседуваше топката, беше неверојатен, но без топка не вложуваше многу напори. Во Челзи сакаа да го видат повторно, за да видат дали може да се развие во оваа насока. Мислам дека поради тоа сакаа да се врати. Требаше да го земат. Но, тоа е лесно да се каже сега. Во тоа време, сепак Челзи имаше многу добар тим, додаде Бога.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе