Челзи пред ново трансфер вето од ФИФА

По вторпат во клупската историја, Челзи може да биде казнет од страна на ФИФА со забрана за трансфери, пишува денеска британскиот весник Times.

Причината, како и претходниот пат, би биле нерегулирани трансфери на играчи под 18 години.

Првпат таква санкција „сините“ добија во 2011 година, кога не им беше дозволено да купуваат играчи во период од два последователни трансфер периоди. Тогаш казната беше последица на жалбата на Ленс за начинот на кој Англичаните го привлекле нивниот талент Гаел Какута во 2007 година.

Какута, исто така, настрада, бидејќи неговите натпреварувачки права беа суспендирани на четири месеци и му беше изречена парична казна од 780.000 евра.

Тимот од Лондон потоа се обиде да ја обжали казната, но на крајот целосно ја отслужи.

Сега, Одборот за интегритет и усогласеност на правилата при ФИФА даде препорака на Челзи да им се воведе вето за четири трансфер периоди. Препораката следи по тригодишната истрага на ФИФА за 19 трансфери направени од „сините“, од кои 14 се однесуваат на фудбалери на возраст под 18 години.

Челзи се најде на нишан по откритието дека клубот ги прекршил правилата при привлекувањето на напаѓачот од Буркина Фасо, Бертранд Траоре пред неговиот 18-ти роденден во 2014 година. Во моментов, 23-годишниот фудбалер блеска во дресот на Лион.

Во конкретниот случај, кој е само еден од неколкуте, Челзи ги прекршил правилата со тоа што во 2011 ги платил трошоците за школување на Траоре и помогнал за преселување на неговите мајка и брат во Англија. Во тоа време фудбалерот имал 15 години.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе