Челзи се збогува од Еден Азар со емотивно видео

Конечно. Официјално. Без шпекулации. Доцна синоќа беше потврдено дека белгискиот репрезентативец Еден Азар конечно заминува од Челзи и преминува во редовите на Реал Мадрид, тим што отсекогаш бил неговиот сон.

Шпекулациите за неговиот трансфер траеја со месеци, а деталите околу договорот се менуваа речиси секој ден. Сега е официјално – Азар заминува од Челзи – а англискиот клуб објави емотивно видео во кое се збогува од една од своите најголеми ѕвезди.

 Договорот на Белгиецот со „кралскиот клуб“ е за 5 години. Повеќе детали не се откриени, но според медиумите, договорот вреди 100 милиони евра, а кон оваа сума се предвидени и разни бонуси.

Претходно вчера, официјалната продавница Реал почна да ги продава дресовите на Азар со бр.7, што беше јасен сигнал дека објавувањето на трансферот е неизбежно.

Во четврток следната недела, 28-годишниот фудбалер ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“. Претходно, тој ќе ги помине медицинските прегледи.

Азар во неколку наврати призна дека сака да игра за Реал Мадрид и сега ќе може да го исполни својот сон.

Белгиецот се проби во големиот фудбал со тимот на Лил, а во 2012 година потпиша со Челзи. Со „синиот“ дрес од Лондон, тој забележа вкупно 352 натпревари и постигна 110 гола. Азар има две титули со Челзи во Премиер лигата, го освои ФА Купот и Лигата Купот, а двапати беше шампион и на Лига Европа.

За репрезентацијата на Белгија, крилниот играч има 100 натпревари и 30 гола.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Фудбал

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Read more

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе