Челзи триумфираше во Баку, што понатаму за Сари?

Челзи го освои трофејот од Лигата на Европа откако го победи Арсенал со 4:1 во финалето кое се играше во Баку.

Првиот гол беше дело на Жиру, кој реализираше со глава во 49. минута и со тоа го казни својот поранешен тим. Педро беше прецизен во 60-тата, додека Азар постигна два гола (65` и 72`) со што го оформи конечниот резултат. Ивоби беше прецизен за „топџиите“ во 69-тата минута.

Ова е прв трофеј за Маурицио Сари на чело на тимот, но неговата иднина ни одблиску не е јасна, бидејќи неговото име е поврзувано со тренерските позиции во Јувентус и Рома.

Лондонскиот тим по втор пат во својата историја го освоија трофејот, откако екипата стана шампион и во сезоната 2012/2013. По освоениот трофеј, со сигурност може да се каже дека сезоната на „сините“ заврши успешно.

За Арсенал, сепак, остана горчлив вкус, а Унаи Емери не успеа да додаде уште еден трофеј од вториот по силина европски турнир во својата витрина. Тој претходно успеа да го освои три пати натпреварувањето со тимот на Севиљa.

Тренерот на Челзи по освојувањето на трофејот во Лигата на Европа, изрази надеж дека ќе продолжи да работи со тимот.

Италијански фудбалски стручњак планира да разговара со раководството во врска со неговата иднина на „Стемфорд бриџ“.

„Треба да разговараме со менаџментот на клубот и да видиме што можам да направам за Челзи и што може Челзи да стори за мене. Сакам да работам во Премиер лигата, јас сум среќен во Челзи, но на крајот од секоја сезона треба да се дискутира за постигнатото. Мислам дека заслужувам да останам во Челзи. Но, моето мислење само по себе не е доволно“, изјави Сари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе