Челзи во Шпанија ја најде замената за Куртоа

Лондонскиот клуб се подготвува за заминувањето на белгискиот репрезентативен голман Куртоа со тоа што веднаш ги активираше преговорите за трансфер на 23-годишниот Кепа Аризабалага, кој во моментов настапува во редовите на Атлетик Билбао.

Цената на трансферот би требало да изнесува 80 милиони евра, со што Челзи повторно ќе го собори рекордот за најскап трансфер на голман, откако пред само еден месец тоа го направи Ливерпул кога го купи Алисон Бекер од Рома за 75 милиони евра.

Пред крајот на минатата сезона Кепа Аризабалага беше поврзуван со Реал Мадрид, но изгледа дека неговиот сон се сруши кога Тибо Куртоа изрази желба да се пресели во Мадрид и актуелниот европски шампион реши агресивно да преговара со Челзи за неговиот трансфер. Поради овој склоп на околности Челзи го стави фокусот на Аризабалага, кој е помлад од Куртоа и има откупна клаузула од 80 милиони евра.

Според шпанските и англиските медиуми, Реал Мадрид би требало да плати околу 35 милиони евра за Куртоа, кој е во последната година од договорот. На тој начин Челзи ќе го финансира трансферот на Аризабалага и ќе го реши проблемот со пополнување на голманската позиција.

Денеска шпанските медиуми потврдија дека Челзи е во преговори со Реал Мадрид за позајмица на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ, кој би требало да го засили клубот до крајот на утрешниот ден, кога всушност и завршува летниот трансфер период во Премиер лигата.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе