Ченинг Тејтум мисли дека треба да стане подобар актер за да не мора постојано да се соблекува во филмовите во коишто глуми.
Ова го изјави во текот на виртуелното гостување во емисија на Кели Кларксон.
„Јас тренирам и вежбам бидејќи тоа ми е работа. Верувајте ми дека не би изгледал вака да не морав да бидам гол во повеќето мои филмови. Во некој момент ќе мора да станам подобар актер за да не морам постојано да се соблекувам“, вели Ченинг.
Тој ги пофали луѓето кои вежбаат и се грижат за своето тело и покрај работните и семејните обврски.
„Иако ми е работа да тренирам и понатаму ми е тешко. Како успеваат да имаат енергија и време за да си посветат на себе луѓето кои работат нормална работа и имаат деца?“, вели тој.
Ченинг на Instagram понекогаш сака да се пофали со неговото секси тело по кое е препознатлив во филмовите „Magic Mike“ и „Magic Mike XXL“.