Палеонтолози откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранде Прери во Алберта.
Овој огромен тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години. Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстоун Крик, пишува BBC.
Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот за диносауруси „Филип Џ. Кари“ изјави дека покрај коските на возрасни единки, на локацијата има и стотици останки од помлади диносауруси.
Таа додаде дека примерокот Биг Сем бил многу добро зачуван бидејќи бил пронајден свртен наопаку, што укажува дека диносаурусот лежел на грб кога умрел.