Ракомет

Червар го најави заминувањето од Металург

17. март 2017 - 13:22 | Макфкас

Лино Червар, доскорешниот селектор на македонската репрезнетација, го најави своето заминување од клупата на Металург.

Червар, кој преку писмо испратено на адреса на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се раздели од националниот тим, наскоро ќе замине и од клупата на Металург. Прашањето е само кога тоа ќе се случи, односно дали ќе остане до крајот на сезоната на клупата на екипата од Автокоманда.

„Таму минав седум прекрасни години. Ќе видам уште колку време ќе седам на клупата на Металург. Меќедонија ќе ми остане во убаво сеќавање. Заминувањето не е лесно, но знаете дека дома секогаш е најубаво“, изјавил Червар.

Червар вo сабота ќе биде промовиран во нов селекторт на репрезентацијата на Хрватска, од чија клупа замина во 2010 година.

Коментирај