Червар подготвен да ја напушти македонската репрезентација

Актуелниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, се посочува како главен кандидат за пополнување на испразнетото место во хрватската селекција, а во изјава која ја пренесува интернет страницата на „Вечерњи лист“, рекол дека евентуално раскинување на договорот со македонската Федерација не би бил никаков проблем.

Лино Червар (65) во 2010 година, во финалето на ЕП во Австрија, последен пат ја водеше репрезентацијата на Хрватска, а по освоеното сребро тој ја напушти селекторската функција.

Пред речиси седум години хрватските ракометари последен пат играле финале на едно големо натпреварување. Подоцна ниту Славко Голужа, ниту Жељко Бабиќ не успеаја да стигнат до финале на големо натпреварување.

Бабиќ по олимпијадата во Рио де Жанеиро поднесе оставка, поради што Хрватите бараат селектор чија главна цел ќе биде да го освои златниот медал на Европското првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Хрватска.

Червар зад себе како хрватски селектор има освоено седум медали, од кои две се златни, од светско првенство и олимписки игри.

“Даниел Константини, екс селекторот на Франција се повлече кога во 2001 година стана светски првак. Тогаш Франција беше домаќин. Моја желба е да се простам со европска титула и тоа пред нашите навивачи. Еднаш не успеав да освојам златен медал кога Хрватска беше домаќин на Светското првенство во 2009 година. Европска титула со Хрватска немам освоено, тоа ми е неостварена желба. Би сакал да ја остварам на ЕП во 2018 година“, рекол Червар.

Маго ди Умаго како што често хрватските медиуми го нарекуваат Червар, смета дека иако има валиден договор со македонската федерација, дека нема да биде проблем истиот да биде раскинат, доколку добие понуда да ја води Хрватска.

„Секако дека нема да биде проблем да го раскинам договорот со РФМ. Сите ние сме луѓе од крв и месо и секој бира по кој пат ќе оди. Мојот пат секако би бил хрватската репрезентација“, заклучил Червар. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе