Ракомет

Чешката легенда Јиха со интересно видео објави крај на кариерата

17. октомври 2017 - 8:16 | Макфакс

Филип Јиха (35), легендата на чешкиот ракомет, играч кој обележа речиси една деценија на европскиот ракомет, поради честите повреди, објави крај на професионалната кариера.

Јиха со интересно видео се прости од фановите.

Филип Јиха својата богата кариера ја започна во Славија Плзењ (1995-2000), потоа играше во Дукла Прага (2000-2003), Сент Гален (2003-2005), Лемго (2005-2007), Кил, каде што остави најдлабока трага и каде што се промовираше во еден од најдобрите средни бекови на својата генерација (2007-2017), и во Барселона (2015-2017).

За репрезентацијата на Чешка во периодот од 2000 до 2016 година одигра 158 натпревари и постигна 877 гола.

Од многуте титули се издвојуваат двете во Лигата на шампионите со Кил (2010, 2012), а индивидуално највредното признание го доби од Светската ракометна федерација (ИХФ), која во 2010 година го прогласи за ракометар на годината.

Коментирај