Ferrari, конфискувано од криминалци во Чешка, чешката полиција ќе го користи за да ги гони најагресивните прекршители на чешките закони, пренесе ДПА.
Сребрениот Ferrari 458 Italia, кој чини 200.000 евра забрзува од 0 до 100 км/час за помалку од 3.4 секунди. Полицијата соопшти дека автомобилот ќе биде користен при разбивање на илегални трки на патиштата, како и ловење на украдени автомобили, пренесе BBC.
Чешката полиција има конфискувано стотици автомобили од криминалци, а кои се пренаменети за борба против криминални активности низ земјата.