Чест фактор на ризик поврзан со развојот на миоми кај жените

Една студија објавена во 2023 година покажа дека овој начин на живот значително влијае на ризикот од миоми.

Студијата објавена во медицинското списание BMJ Open во 2023 година, спроведена од група кинески научници, покажа дека седењето значително влијае на здравјето на жените.

Ризикот од формирање на миом, особено пред менопаузата, е значаен кај жените кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи. Научниците собрале податоци за 6.623 жени од кинеската провинција Јунан, главно жени кои живеат на рурални фарми.

Миоми или фиброиди се бенигни тумори во матката кои обично се појавуваат без симптоми. Фиброидите понекогаш може да предизвикаат обилно менструално крварење и болка. Важно е да се нагласи дека миомите не се опасни по живот, но со текот на времето може да предизвикаат здравствени проблеми, пишува Medical News Today.

Жените во оваа студија одговориле како обично го поминуваат слободното време, а потоа биле прегледани, што вклучувало и ултразвучен преглед на абдоменот за да се утврди дали имаат миом на матката. Откриено е дека 562 учесници (8,5%) имале фиброиди, а сите жени вклучени во студијата биле на возраст од 30-55 години, не биле во менопауза и немале тешки ментални болести.

Заклучокот е дека жените кои пријавиле шест или повеќе часа седење дневно имаат двојно поголема веројатност да добијат миоми за разлика од жените кои имаат помалку од два часа седечка активност дневно.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Здравје

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Симптоми на рак на дебелото црево кои жените не смеат да ги игнорираат

Read more

Една чаша газиран пијалак дневно го зголемува ризикот од рак за 5 пати

Read more
 

Магазин

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Читај повеќе
  • play_arrow

Како печурките помагаат за топење на масните наслаги?

Читај повеќе

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Читај повеќе

Како да се ослободите од досадните траги од чаши на дрвените површини?

Читај повеќе
  • filter

Најубавата плажа за 2025 година: Позната е по чистата вода и песокот со розови примеси

Читај повеќе

Психолог тврди дека паровите најчесто се расправаат за три работи

Читај повеќе
  • play_arrow

Посна крем чорба од брокула и наут

Читај повеќе

Симптоми на рак на дебелото црево кои жените не смеат да ги игнорираат

Читај повеќе

Како да останете во форма без да одите во теретана?

Читај повеќе