Честитки по повод Водици од Пендаровски, Спасовски, Мицкоски

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. 

–Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да Ви посакам да го поминете во мир, радост и среќа. Богојавление не потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник. Да не дозволиме во постојаната борба со материјалните предизвици нашите животни врвици да останат без идејна и морална крепост и да продолжиме да се стремиме кон зачувување на духовните вредности, истакнува претседателот во честитката.

Пендаровски на верниците им посака мир, хармонијата, љубовта и милосрдието кои ќе ги споделуваат со сите наши сограѓани.

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, исто така упати писмо со честитки до г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до свештенството на МПЦ-ОА и до сите православни верници во Република Северна Македонија, во кое упатува желби за „прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди“.

– Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление – Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки на премиерот Спасовски по повод празникот.

Честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан упати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дозволете ми од мое и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление, Водици.

Со продолжување на вековната традиција на овој ден ја потврдуваме нашата верба во Бога и посветеноста на традиционалните вредности. Христијанските вредности, љубовта, добрината, хуманост и проштевањето нека ни бидат ѕвезда водилка во нашите животи.

Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање, пример за сите верници христијани за патот по кој тие треба да чекорат. Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет на овој ден и низ целата година. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!“, напиша меѓу другото, Мицкоски.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе