Американците прв пат по 1981 година ќе имаат четири тенисерки во полуфиналето во Њујорк.
Медисон Киз беше четвртата Американка која се пласираше во полуфиналето, оставрувајќи го воедно и најдобриот резултат во својата кариера, откако ја победи Естонката Каја Канепи.
Киз славеше над Канепи во два сета со идентични 6:3. Со победата над Естонката, Киз, го комплетираше американскиот квартет во полуфиналето.
„Четири Американки во полуфиналето, па тоа навистина не е лошо! Бев нервозна во текот на денот, но сега е се во ред. По Вимблдон некој да ми кажеше дека овде ќе играм полуфинале немаше да му верувам“, изјави по победата над Канепи, Медисон Киз.
Ветеранката Венус Вилијамс ќе игра против Слоун Стивенс, а Киз за противничка ја има Коко Вандевеј.