Четири чекори во кариерата кои треба да ги направите во триесеттите години

Исто како што се препорачува во триесеттите години да го менувате својот моден стил, така треба да правите и нови чекори во кариерата.

Експертите тврдат дека тоа се одлични години за излегување од комфорната зона и воведување на промени кои значително ќе влијаат на вашитот успех во кариерата.

Еве неколку чекори кои би требало да ги преземете во таа возраст.

Надополнете ги своите вештини

Во триесеттите години треба да ја потврдите и зацврстите својата работа и трудот кој сте го вложиле во изминатите години. Џенифер Меркур, советник во компанијата Cincinnati вели дека е најважно да работите на надоградба на своите вештини.

„Луѓето често знаат да останат само на едно работно место и да чекаат унапредување, бидејќи знаат дека се успешни во работата која ја вршат. Наместо тоа би требало да предложите иновативен проект или да понудите соработка со членови од повозрасниот тим кои поседуваат менаџментски вештини, кои би можеле и вие да ги научите“, вели Меркур

На тој начин ќе му покажете на шефот дека сте подготвени да преземете дополнителна одговорност, а воедно во својата биографија ќе додадете нова вештина која сигурно дополнително ќе ви помогне во иднина.

Одржувајте добри односи со претходните шефови

Ако имате зад себе години искуство, во триесеттите години веројатно сте работеле за различни компании, односно сте менувале позиции. Експертите велат дека е најдобро да одржувате добар контакт со поранешните работодавачи и шефови, бидејќи тие можат подоцна да ви помогнат во работата.

Прекинете да барате потврда за својата работа

Сосема е нормално да сакате да добиете поддршка од колегите и пријателите, меѓутоа не треба во секоја ситуација да тежнеете по „лајк“ за вашиот сработен труд. Работете за вас, не за другите и вистинската награда ќе пристигне.

Посетувајте ги сите настани поврзани со вашата професија

Ако во дваесеттите години е пожелно да учествувате на конференции и семинари од вашата област, во триесеттите би требало да го зголемите вашиот ангажман. Можете да работите и како волонтер.

Интересно истражување покажало дека волонтирањето може да ви помогне да се вработите. Научниците дошле до податоци дека со помош на волотнирање имате дури 27 отсто поголеми шанси да ве изберат на конкурс за работа. 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе