Четири етерични масла кои можат да ви помогнат со сезонските алергии

Многумина се обидуваат да ги смират симптомите на сезонските алергии со помош на етерични масла, кои се добиваат со дестилација од разни билки, а можат да се вдишуваат или да се стават директно на кожата. Овој процес се нарекува ароматерапија.

Иако етеричните масла можат да се купат без рецепт, важно е да се консултирате со лекар, бидејќи квалитетот се разликува од производ до производ, а некои масла може да ги влошат симптомите. Доколку имате сезонска алергија, ова се неколку масла за кои може да се консултирате со вашиот лекар.

Лимоново масло
Назалните спрејови кои содржат етерично масло од лимон може да го намалат воспалението на синусите. Но, треба да внимавате на тоа дека сите лимонови масла се фотосензибилни, што значи дека доколку го нанесете под носот и излезете на сончева светлина, ќе дојде до лупење на кожата.

Масло од мента
Може да ја смири кашлицата поврзана со сезонските алергии и се користи и во народната медицина за разни здравствени тегоби, вклучувајќи ги проблемите со желудникот и респираторните органи.

Масло од еукалиптус
Особено успешно против кашлица и воспаленија на грлото, посебно кога се користи во мешавина со мента, оригано и рузмарин.

Противвоспалителни масла
Една од главните причини поради кои се верува дека етеричните масла помагаат кај алергиите се нивните противвоспалителни својства. Лавандата исто така може да ја намали анксиозноста. Темјанот лечи бронхитис и воспаление на синусите, а помага и кај тегоби со варењето.

Никогаш немојте да ги пиете етеричните масла. Најпрво проверете дали се разредени до концентрацијата која е потребна.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе